За пет месеци продадени 3.364 нови автомобили

Bez autora
Jun 13 2010

Увозот на половни автомобили од Европската унија многу влијаеше на продажбата на нови. Според директорот на импортерот Порше Македонија", Златко Муцунски, во првите пет месеци од годинава продадени се само 3.364 автомобили. Тоа не става во многу ниска состојба на продажба на автомобили и е за 30 проценти пониска во однос на истиот период лани. Ако споредиме со 2008 година, пак, продажбата е опадната за цели 60 проценти. Cо продолжувањето на програмата Антистрес лизинг имаат намера да ги онерасположат граѓаните да купуваат стари автомобили, но и да земат што повеќе од колачот на нивните конкуренти. Старо си е старо. Досега се увезени околу 20.000 возила стари од 10 до 15 години. Со нив граѓаните купуваат мачка во вреќа. Ние им даваме алтернатива за старите возила со условите што им ги нудиме. Со тоа сакаме да направиме квантитативен и квалитативен скок во продажбата на автомобили.

За пет месеци продадени 3.364 нови автомобилиУвозот на половни автомобили од Европската унија многу влијаеше на продажбата на нови.

Според директорот на импортерот Порше Македонија", Златко Муцунски, во првите пет месеци од годинава продадени се само 3.364 автомобили.

- Тоа не става во многу ниска состојба на продажба на автомобили и е за 30 проценти пониска во однос на истиот период лани. Ако споредиме со 2008 година, пак, продажбата е опадната за цели 60 проценти - рече Муцунски на вчерашното продолжение на кампањата на едногодишната добро етаблирана Антистрес лизинг програма, што ја реализираше Порше Македонија со Порше лизинг, а е во насока за купување на нов автомобил на лизинг.

Муцунски вели дека со продолжувањето на програмата Антистрес лизинг имаат намера да ги онерасположат граѓаните да купуваат стари автомобили, но и да земат што повеќе од колачот на нивните конкуренти.

- Старо си е старо. Досега се увезени околу 20.000 возила стари од 10 до 15 години. Со нив граѓаните купуваат мачка во вреќа. Ние им даваме алтернатива за старите возила со условите што им ги нудиме. Со тоа сакаме да направиме квантитативен и квалитативен скок во продажбата на автомобили - вели Муцунски.

Ѓорѓе Андонов од Порше лизинг вели дека тие нудат досега најповолни услови на пазарот.

- За разлика од возилата земени на кредит, финансискиот лизинг овозможува своето возило да го добиете со 20-30 отсто учество (во зависност од цената на чинење на возилото). При склучувањето на договорот сами одбирате лизинг пакет кој ја дефинира должината на лизинг-периодот (од 48 до 72 рати) и висината на месечната рата, при тоа годишната камата е 2,9 отсто. Целата листа на поволности е предолга, а започнува со прелиминарно одобрување од само 24 часа. Секако најважната предност, по која се разликува од останатите лизинг и кредитни програми е едноставноста, транспарентноста и флексибилноста - вели Андонов, кој нагласи дека во првиот квартал од годинава од вкупниот број купени возила на лизинг, дури 40 отсто отпаѓа на Порше лизинг.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik